Хрватска ќе ги даде магистралите под концесија

 

Хрватска планира да ги даде под концесија магистралите идната година, за да ги врати кредитите, земени за развој на патната инфраструктура.

- Ако не ги дадеме под концесија магистралите, државните гаранции за тие кредити ќе бидат активирани, што значи дека државниот долг ќе се зголеми, а ние не можеме да си го дозволиме тоа, изјави министерот за транспорт Синиша Хајдаш Дончиќ.

Магистралите може да бидат дадени под наем за период меѓу 30 и 50 години, а Владата има за цел да добие меѓу 2,4 и 3,2 милијарди евра, изјави министерот за транспорт.

најчитано сега