Нови налепници ќе ги красат паркираните автомобили во Центар
Жителите на општина Центар ќе можат бесплатно да ги паркираат своите автомобили на отворените паркинзи во зона 1 и зона 2, со новите налепници кои се направени за нив.
Повластената паркинг карта жителите на општина Центар нема да можат да ја користат во 0 зона, на резидентните улици и паркиралишта, на јавните паркиралишта од затворен тип и во катната гаража „Судска палата“.
Жителите на Центар ќе може да аплицираат за карти за: ППК-ПКЖ (Паркинг карта за жител за општина Центар), ППК-ПКСП (Паркинг карта за сопствен паркинг), ППК-ПКДС (Паркинг карта за деловен субјект), ППК-ПКДВ (Паркинг карта за вработени во деловен субјект), ППК-ПКЖС (Паркинг карта за жител на општина Центар со службено возило), ППК-ВПКС (Времена паркинг карта за станари) и ППК-ПКИ (Паркинг карти за инвалиди). Аплицирањето се врши преку контакт центарот на ЈП ПОЦ на 072 251 251. По аплицирањето се склучува договор во траење од една година.
Жителите на кои договорот им е истечен, потребно е истиот да го обноват за да можат да ги користат паркинзите на општината.
ФОТО: А1.он