Крадците не мируваат - ограбено основно училиште во Скопје
Пред два дена било ограбено уште едно основно училиште во Скопје.
Се работи за училиштето „Вера Јоциќ“ каде во период од15 часот па се до 23 часот, непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден предмет влегол и извршил тешка кражба. Крадецот одзел два компјутери и така направил штета од 36.906 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.