Промовирана првата демо-фарма во Свети Николе

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски денеска во Свети Николе ја промовираше првата демо-фарма.

Димовски истакна дека Македонија со израелска помош ќе произведува високо квалитетен, сертифициран семенски и саден материјал, а земјоделците ќе може да се запознаат со израелските искуства. Демо-фармата за практична настава ќе ја користат и учениците од земјоделското училиште во Свети Николе.

- Имаме сериозен партнер, кој во целост го почитува зборот кој што го има дадено. Непосредно по потпишувањето на договорот во Министерството за земјоделство во Скопје отворена е и посебна канцеларија на МАШАВ, што е ретка привилегија како техничка, стручна помош од израелската Влада, вели Димовски.

Директорот на проекти во Агенција за меѓународен развој и соработка на Израел (МАШАВ), Ели Бен Матитјаху истакна дека ова е прва соработка меѓу Македонија и Израел во делот на земјоделството, а се со цел македонските земјоделци и ученици да ги добијат израелските искуства во делот на технологијата и производство на семенски и саден материјал за развој на градинарството.

ФОТО:Сител

 

најчитано сега