Крадци му земале се што поседувал и се што испеал - Виктор од „Идол“ почнува од нула

 

Македонскиот пејач Виктор Апостоловски кој се прослави со учеството во шоуто „Идол“, напишал и испеал нова песна насловена „Најважно од се“. 

Виктор за весникот „Вечер“ вели дека се работи на видео записот за „Најважно од се“ и дека наскоро треба да биде готов.

- Песната е со малку етно моменти, со песната ги повикувам сите да се опуштат и за миг да ги остават настрана грижите и тешкотиите што животот ги носи, вели Виктор за „Вечер“.

Виктор вели дека изминатиот период бил навистина тежок за него, бидејќи крадци успеале да му украдат се што е вредно.

"Тежок и стресен период е зад мене откако додека бев на одмор во Битола крадци ми влегоа во станот во Скопје, го превртеле и ми земале се што е вредно. Го зеле мојот десктоп компјутер, цела опрема за снимање и цел албум на кој работев пролетва и беше готов за издавање, но сега го нема. Како и да е, веднаш сфатив дека работите никогаш нема да ги најдам и дека треба да се подготвам и периодов да удрам машки и да го сработам сето тоа што ми беше одземено. Повторно почнав од нула, но со помош на семејството и пријателите, брзо се вратив во форма, се опремив и ете месец и пол по кражбата излегувам со нова песна, а албумот ќе биде оваа есен, вели идолот за „Вечер“.

Пејачот додава дека со него често се шегуваат дека крадците изгледа не ја слушнале неговата песна „Не се предавам“.

најчитано сега