Во декември Албанија ќе добие статус на кандидат за членство во ЕУ?
Албанија има шанси во декември да добие статус на земја-кандидат за членство во Европската унија, изјави синоќа шефот на Мисијата на ЕУ во Тирана, Еторе Секи.
- Ако ги спроведете неопходните реформи, земјата може да добие статус на кандидат за членство, нагласи Секи по средбата со кандидатот за нов премиер на Албанија, Еди Рама, чија Социјалистичка партија победи на неодамнешните парламентарни избори во земјата.
- Очекуваме новата влада во Тирана засилено и решително да работи во спроведувањето на реформите, додаде Секи.
ФОТО: Денешен