ТАБЕЛА: Проект на Жерновски, вработување на партиски кадри во Центар и ПОЦ (ФОТО)
Жерновски и СДСМ години наназад постојано критикуваа за наводни партиски вработувања на власта, а очигледно е дека не ја испуштаат приликата да ги вработуваат своите кадри и партиски членови во општините и претпријатијата каде што тие се на власт.
Според информациите објавени во медиумите Жерновски со самото стапување на функцијата градоначалник на Општина Центар веднаш започнал со „проектот“ за вработување на партиски кадри.
Андреј Жерновски и СДСМ, Општина Центар ја преплавиле со поранешни новинари на проопозициските А1 и Фокус, Нови вработени кои се членови на СДСМ и ЛДП, бивши советници на СДСМ во Општина Центар, членови од семејствата на високи функционери на ЛДП и СДСМ како и членови на семејства на луѓе блиски до опозицијата.
Со вработувањето на партиски војници изостана ниту ЈП Паркинзи - Центар кое иако се соочува со превработеност не беше никаква пречка за Жерновски да вработува членови на СДСМ и ЛДП, но и фамилии на актуелни советници во Општина Центар и роднини на директорот на ЈП Паркинзи - Центар Саша Богдановиќ.
Ова се само дел од партиско-роднинските вработувања кои ги правел Андреј Жерновски во Општина центар и ЈП Паркинзи - Центар.
Освен скандалот со партиските вработувања, Андреј Жерновски ја бранува јавноста и со унапредувањето на општинскиот хаусмајстор за најмалку 10 скалила повеќе, во раководител на сектор за инспекциските служби во Општина Центар.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа