Вељановски се сретна со шефот на дипломатијата на Романија
Денеска собранискиот спикер Трајко Вељаноски сее сретна со министерот за надворешни работи на Република Романија, Титус Корлацеан.
На средбата претседателот на македонското Собрание изрази благодарност за поддршката која Република Македонија ја добива од Република Романија и го запознал соговорникот со актуелната политичка состојба во однос на евро-атлантското интегрирање. Вељановски укажал дека и покрај недобивањето датум за отпочнување на преговорите, Република Македонија продолжува со спроведување на реформите кои првенствено ги прави заради сопствените граѓани.
На средбата Вељаноски го запознал гостинот дека со својот колега, претседател на Претставничкиот дом на Република Романија, Згонеа на билатералната средба во рамки на конференцијата во Охрид се договориле двата парламенти да се заложат за унапредување на парламентарната соработка на ниво на групите за соработка, на ниво на комисиите и на ниво на претседатели на двата парламенти.
Министерот Корлацеан изразил задоволство што може да пренесе дека во последниот парламентарен состав на Република Романија е формирана група за соработка со Собранието на Република Македонија, како и дека на двете страни постои подготвеност за унапредување на политичките и економските односи, како и на односите во други области. Тој ја потврдил заложбата на Република Романија за поддршка на Република Македонија на патот на интегрирањето во ЕУ и НАТО и посочил дека Романија, заедно со Турција и Полска започнале процес за уште поголема поддршка за Република Македонија во однос на евро-атлантското интегрирање.
Во врска со прашањето за малцинствата, двајцата соговорници констатирале дека односот на двете држави кон нив е на високо ниво и оти се залагаат за дополнително подобрување на положбата на Македонците во Република Романија и на Власите во Република Македонија.