Ќе се намалат ли пензиите во Грција?
Претставникот на Меѓународниот монетарен фонд Пол Томсен во преговорите со Грција за следната транша од спасувачкиот план смета дека е потребно да има кратења на веќе намалените пензии на Грците, пишува денеска Етнос.
- Германските пензионери земаат помали пензии од грчките, истакна Томсен.
Барањето за ново намалување на пензиите е поттикнато од резервираноста на меѓународните кредитори во однос на тоа дали Грција ќе ги постигне фискалните цели и ќе успее да ја компензира црната дупка во осигурителните фондови, која според нив изнесува околу 1,5 милијарди евра, пренесе весникот Етнос.
ФОТО: Нетпрес