Соња Верушевска од денеска во куќен притвор
Апелација ја уважи жалбата и и беше укината мерката притвор на Соња Верушевска, сопругата на Зоран Верушевски. Таа е обвинета за шпионажа по што Судот и одреди 30 - дневен домашен притвор. Ова денеска го соопшти Основниот суд Скопје 1 - Скопје.
- Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, доцна поладнево достави решение со кое жалбата на обвинетата Соња Верушевска изјавена преку нејзиниот адвокат, за укинување на мерката притовор се уважува. Со тоа решението на Кривичниот совет при Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје од 29.06.2015 година се преиначува и гласи: Мерката притвор против обвинетата Соња Верушевска, определена со решение на судија на претходна постапка, а продолжува со решенија на Кривичниот совет од Одделението за организиран криминал и корупија поради основано соменение дека сторила крвично дело Шпионажа од чл. 316 ст.4 в.в со чл. 42 од КЗ, се укинува. Воедно на обвинетата, согласно одредбите од член 163 од ЗКП и се определува мерка Куќен притвор во траење од 30 дена, сметано од 24.07.2015 година, стои во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.
Со тоа, како што се наведува, на обвинетата и се забранува да го напушта домот, а надзорот за спроведување на мерката Куќен притвор и се доверува на МВР – СВР Скопје ПС Аеродром.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа