ВИДЕО: Реал Мадрид му одржа лекција на Манчестер Сити
Реал Мадрид славеше со убедливи 4:1 во пријателски меч против Манчестер Сити одигран во Австралија, во рамките од Интернационалниот куп на шампионите.
„Кралевите“ беа подобри во секој поглед, па заслужено славеа со убедлив резултат. Стрелци на головите за Реал беа Бензема 21., Роналдо 25., Пепе 44. и Русинот Черишев во 73-та, додека единствениот гол за Сити беше дело на Јаја Туре од пенал во судиското продолжение од првиот дел.
Двата тима го почнаа мечот во следниот состав:
Реал Мадрид: Кејлор Навас, Пепе, Рамос, Марсело, Карвахал, Иско, Крос, Модриќ, Роналдо, Бејл, Бензема
Манчестер Сити: Харт, Сања, Денај, Хамфрис, Коларов, Туре, Фернандо, Фелф, Насри, Силва, Стерлинг.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа