Скопје ќе се спаси од досадните комарци

 

Претстојниов викенд ќе почне третата авионска и од терестрична дезинсекција во 2015 година против комарци на подрачјето на град Скопје.

Како што соопштија од Град Скопје, третиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) против комарци, ќе се одвива на 25 и 26 јули сабота и недела) во период од 5.30 до 8.00 часот.

Третата аеросолна дезинсекција (терестрична), пак, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива во деновите од 26 до 29 јули (од недела до среда), во период од 23 до 4 часот наредниот ден.

- Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција, се посочува во соопштението од Град Скопје.

Оттаму апелираат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. 

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега