Заев бара обвинител за да го ослободи од „Пуч“ и МВР за да создава хаос и кризи

 

По постигнувањето на договорот во Пржино и билдањето на лажна еуфорија од страна на СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев и покрај тоа штоа на виделина излезе незадоволството на членството од решенијата, Заев многу очигледно е дека ќе оди на картата да го минира и овој договор преку изборот на обвинител и министер за внатрешни работи, сметаат експертите.

Аналитичарите коментират дека најпрво барањата за обвинител и министер за внатрешни работи се од лична природа и мотиви на раководството на СДСМ. Со првото барање, одосно обвинител, Заев ќе бара човек кој однапред ќе му вети слобода за сите криминални активности и ослободување од обвиненијата во случајот „Пуч“.

Универзитетската професорка по уставно право и политички систем, Тања Каракамишева- Јовановска вели дека интересно е што токму СДСМ и неговите медиумски перјаници цело време зборуваат за почитување на принципите на независност и самостојност на судството и на јавното обвинителство, а од друга страна, кога станува збор за прикривање на своите криминали и незаконски работења, принципот на политичка и партиска независност на судството и јавното обвинителство не им е воопшто важен.

-Се добива впечаток дека, всушност, специјалниот јавен обвинител е намерно создаден во договорот за да повторно го „амнестира“ токму Заев од обвинението за случајот „Пуч“, па дури со опозициските притисоци се оди до таму Заев да биде ослободен од сите кривични пријави што се поднесени против него во изминатиов период за незаконското работење. Иако СДСМ е свесен дека согласно акузаторското начело што важи во кривичната постапка, постои јасна одделеност на истражните дејствија  од судската постапка, сепак оваа партија агитира за својот претседател сите предмети кои се водат против него да ги преземе во работа новиот специјален обвинител, спротивно на Уставот, спротивно на Законот за кривичната постапка, спротивно на правниот систем во земјата, смета Каракамишева-Јовановска.

Универзитетската професорка додава дека со оглед дека постапката „Пуч“ е веќе во судот, а не кај истражните органи, судските постапки треба да продолжат во Судот. За нив, во овој момент од постапката, нема можност повторно да бидат вратени во истражна постапка.

-Специјалниот јавен обвинител не е замислен да го замени постојниот Јавен обвинител на РМ, ниту постојното судство во земјата, туку е предвиден како нова категорија. За овој специјален обвинител да може да биде именуван до периодот утврден во протоколот, како и да започне со неговата работа најдобро е да се донесе посебен закон во кој ќе бидат прецизирани сите  прашања околу неговиот мандат, надлежностите, автономијата, потребните ресурси, роковите на завршување на работата, натамошната негова позиција во системот и слично, смета Каракамишева – Јовановска.

Аналитичарите се согласни дека со второто барање, односно МВР, министерот за внатрешни работи и покрај тоа што треба да биде со заедничка согласност, многу веројатно е дека Заев ќе проба да е партиски избор, со намера да прави хаос и проблеми во изборниот процес, бидејќи знае дека ги губи изборите. Со тоа, коментираат тие, Заев сака да создава одново кризи и да ја држи државата во грч и на тој нацин сака да се одржи во вниманието на јавноста.

Заев се соочува со сериозни обвиненија во случајот „Пуч“ и јавниот обвинител по негова мерка е единствениот излез и спас за него. Токму затоа, тој толку грчевито се бореше за ова место и пресметано бара прво место во МВР.

 

 

 

Оцени ја веста

20.07.2015 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега