ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се уште не може да научи дека граѓаните се тие кои ја даваат одговорноста
СДСМ сеуште не може да научи дека граѓаните на Република Македонија се тие кои ја даваат одговорноста, која партија и кои луѓе ќе раководат со државните институции, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Насилството кое што го врши СДСМ порано или подоцна ќе им се врати како бумеранг.
Ако се надеваат дека граѓаните заборавиле што СДСМ прави и што се СДСМ направи во минатото, треба да знаат дека се лажат.
Во СДСМ има оставки после Договорот, во СДСМ има веќе пратеници кои што откажаа соработка со раководството на партијата, во СДСМ има цели групации кои што се дистанцираат од ова раководство и СДСМ денес е партија која што ја водат ограничени политичари и грогирани поранешни функционери од времето на транзицијата како Фрчковски, Милчин, Ордановски и Ѓунер Исмаил.
Централниот одбор на СДСМ можел да донесе едногласна одлука единствено доколку во него членовите се од редовите на богатата фамилија Заеви и од братучедите насилници на Радмила Шекеринска.
Економските експерти на СДСМ во минатото се докажаа со криминалната и мафијашка приватизација, со 684 затворени фабрики, со над 200 000 оставени луѓе без работа, намалени пензии, намалена социјална помош, умртвено стопанство, никаква изградба на патишта и автопати, нула инвестиции во капитална инфраструктура итн.
Такви се експертите на СДСМ во економијата.
Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа