Измени од идната година: Нема веќе тркање меѓу државните и приватните автобуси
Од 1 август годинава ќе почне пробно да се користи единствената картичка во автобусите на ЈСП Скопје, а од 1 јануари 2016 година и кај приватните превозници. Од Нова година старите билети и официјално заминуваат во историјата- се воведува нов револуционерен систем за наплата.
Ова денеска на прес-конференција го најавија министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директорот на ЈСП Скопје Игор Јанушев.
На денешната прес-конференција беа промовирани проектите за автоматска локација на автобусите и за електронска наплата во јавниот превоз.
- Со воведувањето на овој револуционерен Системот за автоматска локација на возилата и електронска наплата Градот Скопје и неговите граѓани ќе добијат побрз и поквалитетен градски превоз. Системот овозможува од контролен центар да се следат автобусите во реално време, дали се запазуваат пропишаните возни редови, односно за секој автобус ќе има една линија на која ќе се следи неговото движење, како и да се добие реална слика за бројот на патниците по категории. Системот, исто така, дава можност за воведување нов тарифен систем и нови типови на билети, односно два типа на картички, преносливи и картички со фотографија. Во прво време истиот ќе почне да функционира согласно со постојниот тарифен систем, но во иднина постепено ќе се премине на нов тарифен систем. Системот за автоматска локација и електорнскиот систем за наплата ќе биде инсталиран во 500 автобуси, од кои 380 автобуси на ЈСП- Скопје, а 120 на приватни превозници и граѓаните ќе можат еден билет да користат за возење во автобусите и на приватните превозници и на ЈСП. На автобуските стојалишта ќе има над 50 информациони дисплеи за пристигнување на автобусите, испраќање SMS порака преку која патникот ќе добива информација за неколку следни пристигнувања на автобус на бараната линија, преку веб апликација на која покрај времето на пристигнување на одреден автобус на одредена постојка, ќе биде на располагање и т.н. планер на патување кој ќе го дава најкраткиот и најбрзиот пат помеѓу 2 места во Градот со користење на јавниот превоз. Средствата од продажбата на автоматските билети ќе ги добива Градот Скопје, а на превозниците Градот ќе им префрла средства по поминат километар. Имплементацијата ја врши конзорциумот од Македонски телеком, Маргенто од Словенија и ИКОМ од Бугарија. За реализација на овој проект Градот Скопје ќе издвои околу 3 милиони евра, а се очекува Системот пробно да почне да функционира во месец август во автобусите на ЈСП, а во приватните автобуси од 1 јанури 2016 година. Се надеваме дека со воведувањето на овој современ систем ќе имаме целосна контрола на редот на возење на автобусите и на граѓаните ќе им овозможиме побрз и поквалитетен превоз, истакна градоначалникот Трајановски.
Директорот на ЈСП потенцираше дека на граѓаните им се нудат два типа на картички: Скопска (пренослива картичка без фотографија) и Моја Скопска ( сопствена картичка со фотографија). Тој истакна дека граѓаните ќе можат овие картички да ги набават од 8 центри: Бит-пазар, Центар, Порта Влае, Аеродром, Карпош 2 и дирекција на ЈСП (Шумарски факултет и Транспортен центар), ќе имаат на располагање 60 локации за дополнување на картичките, а ќе се постават и 3 самостојни автомати за дополнување на картичките.
Министерот Ивановски, изјави дека со воведувањето на оваа смарт картичка, која ќе содржи заштитен чип кој ја прави безбедна за користење, Градот Скопје е чекор поблиску да стандардите на паметен град како и светските метрополи.
Со воведувањето на овој систем патниците ќе имаат големи придобивки поради навремено добивање информации поврзани со патувањето и тоа за: тековната и следната постојка, како и некои други битни информации во врска со превозот (прекин на одредена линија и слично).
Исто така, на автобуските стојалишта ќе има над 50 информациони дисплеи за пристигнување на автобусите, испраќање SMS порака преку која патникот ќе добива информација за неколку следни пристигнувања на автобус на бараната линија, преку веб апликација на која покрај времето на пристигнување на одреден автобус на одредена постојка, ќе биде на располагање и т.н. планер на патување кој ќе го дава најкраткиот и најбрзиот пат помеѓу 2 места во Градот со користење на јавниот превоз.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа