Ќе летаат казни до 400 евра: Важна вест за сите кои имаат кучиња
Општина Аеродром апелира до граѓаните да ги шетаат своите миленици со маска на устата и да носат кеси за собирање на изметот што тие зад себе го оставаат на јавните површини, со цел да се зачува животната средина, а граѓаните, особено децата, да се чувствуваат безбедно кога ги користат парковите и другите јавни површини.
Освен тоа, шетањето на милениците со маска и собирањето на нивниот измет е обврска на граѓаните што произлегува од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Законот за јавна чистота.
Доколку не се почитуваат одредбите од овие два закони следуваат казни во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност.
Општинските комунални служби во придружба на полицијата од денеска, 13.7.2015 година, ќе почнат со засилени патроли низ општината за да утврдат дали се почитува законот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа