Фрчеа казни - викендов казнети 475 учесници во сообраќајот
СВР Скопје изминатиот викенд спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје, при што од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 475 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.
МВР денеска соопшти дека кај 99 возачи е утврдено оти управувале возила под дејство на алкохол, 48 лица управувале возило без положен возачки испит, потоа 52 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола.
Кај 11 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 29 возачи управувале возила со над дозволената брзина, изречени се 20 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 14 прекршоци за зборување на мобилен телефон, за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се 5 прекршоци. За прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 9 прекршоци, за непрописно престигнување изречени се 3 прекршоци, кај 9 возила е утврдена техничка неисправност и со пајак возило подигнати се вкупно 64 возила.
СВР Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди и зачувување на безбедноста во сообраќајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа