Федерер се пласираше во своето десетто финале на Вимблдон
Седумкратниот шампион на Вимблдон Рожер Федерер се избори за своето десетто финале на овој грен слем турнир откако попладнево со 3:0 во сетови во полуфиналето го победи Енди Мареј.
Со овој успех Федерер ја продолжи традицијата и нема пораз во полуфинален меч на Вимблдон. Неделното финале против Новак Ѓоковиќ ќе биде нивни 40.ти меч (20:19 за Федерер) и е реприза на ланското финале.
Федерер сетовите против Мареј ги доби со 7:5; 7:5 и 6:4 во гемови и го доби 24.меч и има скор од 13:11 во победи.
Во првото полуфинале Ѓоковиќ со 3:0 во сетови го совлада Ришар Гаске.
Утре на Вимблдон се игра финалето во женска конкуренција меѓу Серена Вилијамс и Гарбине Мугуруза.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа