Македонија со пад на ФИФА листата

 

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од пет места на најновата ранг листа на ФИФА.

По поразот од Словачка во квалификациите за пласман на ЕП, Македонија се најде на 105-тото место, со 311 поени.

Од репрезентациите кои се во нашата група најдобро рангирана е Шпанија, која сепак бележи пад и на новата ранг листа на ФИФА се наоѓа на 12-то место, следува Словачка која е на 15-то, па Украина на 27-мо, потоа Белорусија која е 100-та селекција во светот, а на Луксембург му припаша 146-тата позиција.

Селекцијата на Аргентина е прва на ФИФА листата, следуваат Германија и Белгија, а десетката ја заокружуваат Колумбија, Холандија, Бразил, Португалија, Романија, Англија и Велс.

 

 

Оцени ја веста

09.07.2015 - 23:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега