Македонија ја победи Белорусија на стартот на ЕП У­20

 

Македонската репрезентација за кошаркари до 20 години ја совлада селекцијата на Белорусија со 77:72 во рамки на Европското првенство Б дивизија во Унгарија.

Андреј Магдевски ја потврди лидерската улога во националниот тим со дабл-дабл ефект, 20 поени, 13 асистенции и седум скока, одлична партија прикажа кошаркарот на Карпош Соколи, Филип Бакоч, со 15 поени и девет скока додека на ниво беше и центарот Љубомир Младеновски со 13 поени и осум скока.

Со оваа победа македонските кошаркари си ја отворија вратата за пласман во втората фаза бидејќи Белорусија беше директен конкурент на Македонија за едно од првите две места во групата Ц.

Другите две репрезентации од оваа група се Ерменија и Швајцарија, а според системот на натпреварување, првите две селекции обезбедуваат пласман во втората фаза на шампионатот.

 

 

Оцени ја веста

09.07.2015 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега