Легендата заминува од Мадрид, Касиљас има нов клуб
Шпанската „Марка“ објави дека Реал Мадрид и Порто постигнале договор за трансфер на голманот Икер Касиљас.
По 25 години минати во Реал Мадрид, Икер Касиљас од следната сезона ќе носи дрес на друг тим. Според информациите на шпанската „Марка“ Реал и Порто се договориле за трансфер на легендарниот 34-годишен голман.
Наводно, во текот на денешниот ден Касиљас ќе им се обрати на навивачите на Реал и со тоа ќе биде потврдена веста дека од следната сезона ќе го носи дресот на Порто.
Касиљас целата своја кариера ја мина во клубот од Мадрид. За првиот тим дебитираше во 1999-та година и освои се што можеше да се освои.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа