Грција има три дена за да ги исполни условите за следната транша

 

Грција има три дена за да ги увери своите кредитори, дека може да ги исполни условите од спасувачката програма, за да ја добие следната транша од меѓународната финансиска помош, изјавија претставници на еврозоната.

- Очигледно е општото незадоволство од напредокот во Грција, кога станува збор за реформите во државниот сектор, како собирањето на даноци или здравствените услуги, изјави претставник на еврозоната, кој учествува во преговорите. 

Министрите за финансии од еврозоната планирано е да се состанат на 8 јули и да дискутираат за ситуацијата во Грција.

најчитано сега