Црна Гора ја зголеми стапката на ДДВ и покрај протестите
Во Црна Гора на сила стапи новиот закон за зголемување на стапката на ДДВ од 17 на 19 проценти, и покрај протестите за оваа мерка за стабилизирање на економијата, која се уште страда од последиците на светската финансиска криза.
Демонстрантите пред влезот на парламентот разлеаја црвена боја, која според нив ја симболизира „крвта на граѓаните“, заради зголемувањето на ДДВ.
-Ние дојдовме на местото на криминалот, на местото каде пратениците гласаа за зголемувањрто на ДДВ, изјави лидерот на активистите Вања Цаловиќ.
ФОТО: Денешен