"Претепај ме за да ми се врати поранешното момче" - еве што навистина се случувало со српската манекенка

 

За 39 часа додека беше исчезната, српската манекенка Мина за која Србија се крена на нозе всушност си уживала со еден таксист, а потоа од него барала да ја претепа за луѓето да веруваат во нејзината измислена приказна и така да си го врати своето момче, пренесе српски Ало.

Конечно истрагата покажа дека српската манекенка ниту била исчезната, ниту била силувана, ниту претепана, туку ја измислила целата приказна за да си ги реши проблемите во љубовниот живот и да си го врати саканиот. 

Откако манекенката го напуштила сплавор Ривер, седнала на возачкото седиште од својот автомобил и додека се паркирала оштетила неколку такси возила. Додека нејзините пријатели се обидувале да ја добијат на телефон, Мина се качила во такси и на прашањето на таксистот каде сака да оди таа му одговорила Кај тебе. Момчето било збунето, но Мина продолжила да го шармира, па бидејќи бил слободен сепак прифатил да ја однесе во својот стан. Тие вечерале а потоа таа заспала и воопшто немала сексуални односи со него како што се пишуваше по српските медиуми. Момчето не сакајќи да има проблем ниту со родителите ниту со момчето на манекенката и рекло веднаш да си оди. Пред да си оди Мина му рекла: - Ми треба уште една услуга од тебе, те молам удри ми два, три шамари. На тоа таксистот и одговорил дека е луда и дека веднаш треба да замине од неговиот живот и стан.

Мина ја сретнал случаен минувач кој веднаш повикал полиција.

 

најчитано сега