ВИДЕО: Пред една година Бразил ја доживеа најголемата катастрофа на Светските првенства
На денешен ден, пред една година селекцијата на Бразил ја доживеа најголемата резултатска катастрофа на светските првенства.
Во полуфиналето на Мундијалот на кој тие беа домаќини, „Кариоките“ беа прегазени од селекцијата на Германија со 7:1. „Панцирите“ немаа милост, па ја наполнија мрежата на селекцијата на Бразил до врвот.
Подоцна Германија стана светски првак откако во финалето беше подобра од Аргентина со 1:0 по продолженија.
А, еве како изгледаше сето тоа:
Оцени ја веста
08.07.2015 - 13:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа