Историска победа за шампионот на Гибралтар во ЛШ
Шампионот на Гибралтар за првпат во својата историја се пласира во второто коло од квалификациите за фудбалската Лига на шампиони, по синоќешната гостинска победа над Санта Колома од Андора со 2:1.
Покрај Линколн пласман во следната рунда обезбедија: Пјуник, ТНС и Крусадерс.
Резултати на четирите реванш натпревари од првото коло од квалификациите за ЛШ: Левадија – Крусадерс 1:1 (0:0 прв натпревар), Санта Колома – Линколн 1:2 (0:0), ТНС – Б36 4:1 (2:1) и Фолгоре – Пјуник 1:2 (1:2).
Се одигра и еден реванш натпревар од првото коло од квалификациите од Лига Европа. Шамрок Роверс со 3:0 го совлада Најдеркорн и обезбеди учество во следниот круг, бидејќи првиот дуел заврши без голови.
Македонските екипи реванш дуелите од оваа фаза во ова натпреварување ќе ги одиграат утре. Работнички е домаќин на Флора (1:0 за Флора на првиот дуел), Ренова гостува кај Дачија во Молдавија (1:0 за Дачија), додека Шкендија ќе истрча на теренот на Абердин во Шкотска (1:1 на првиот дуел).
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа