Прскање против комарци во Скопје

 

Во петок од 5 до 10 часот наутро во Скопје ќе се изврши втора авионска дезинсекција против ларви од комарци.

- Вториот наврат на аеросолната авионска дезинсекција годинава на подрачјето на Град Скопје против ларви од комарци ќе се реализира на во петок во период од 5 до 10 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар, се вели во денешното соопштение од Градот Скопје.

Во него се додава дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција таа ќе се изврши првиот нареден ден,  кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Од градот Скопје апелираат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

 

Оцени ја веста

08.07.2015 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега