Филе: Платформата за пристапните преговори со Србија е речиси завршена

 

Синоќа Штефан Филе, вропскиот комесар за проширување изјави дека изработката на преговарачката рамка за пристапните преговори со Србија е речиси завршена и оти очекува „скринингот“ да почне веднаш по летната пауза.

Европската комисија денеска треба да достави предлог за преговарачката рамка до надлежните служби за консултации.

Филе синоќа воедно најави и дека следната недела во Белград ќе пристигне заменик-директорот за проширување Јост Корте, за подготовките за скринингот.

 

најчитано сега