Поради ласерите на трибините УЕФА со дисциплинска постапка против Шкендија

 

Поради употреба на ласери и пиротехнички средства на навивачите за време на мечот со Абердин на Националната арена „Филип Втори“, УЕФА ја даде Шкендија на дисциплинска комисија.

Македонскиот претставник во квалификациите за Лига Европа се соочува со парична казна од неколку илјади евра.

- Дисциплинската комисија на УЕФА отвори постапка против Шкендија за користење на ласер од трибините, соопштија од Европската фудбалска федерација.

Во минатото Фудбалската федерација на Македонија беше парично санкционирана за употреба на ласери од навивачите со кои се попречува видот на противничките играчи.

 

 

Оцени ја веста

07.07.2015 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега