Македонскиот репрезентативец Ристовски го облече дресот на Ријека
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски е промовиран во ново засилување на хрватскиот тим Ријека.
Македонскиот 23-годишен репрезентативен бек од следната сезона ќе настапува во хрватската лига носејќи го дресот на Ријека. По пет години минати во Италија, како фудбалер на Парма носејќи ги дресовите како позајмен фудбалер на неколку тамошни тимови, македонскиот дефанзивец се одлучи за нова средина.
Ристовски потпиша четиригодишен договор, односно 3+1, а на „Кантрида“ стигнува како слободен играч бидејќи му заврши петгодишниот договор со Парма.
Оцени ја веста
07.07.2015 - 15:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа