Неверојатна гол разлика - по само три кола имаат скор од 114:0
Микронезија пак руши рекорди, загуби од Вануату со 46:0!
Сега гол-разликата на оваа селекција по три меча во група А на Пацифички игри изнесува 0-114.
Фудбалерите на Тахити, Фиџи и Вануату рушат рекорди против селекцијата на Микронезија.
По поразите од Тахити со 30:0, Фиџи 38:0 и селекцијата на Вануату сруши рекорд во пресметката со Микронезија, славејќи на спомнатиот натпревар со неверојати 46:0, што е нов рекорд на официјални меѓународни натпревари.
За жал на Вануату, ФИФА најверојатно нема да го признае рекордот, бидејќи Пацифичките игри воедно се и квалификации за Олимписките игри во Рио, па поради тоа настапуваат само играчи до 23-години.
Како и да е, сирота Микронезија во изминатите неколку дена служи за потсмев, а гол разликата по три меча изнесува 0-114.
Колку да спомнеме, првото место во групата му припаѓа на Тахити со седум бодови и гол разлика 32:1, следува Фиџи со пет бодови и гол разлика 39:1, а новиот рекордер Вануату има четири бодови и гол разлика од 48:3.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа