Одземена титулата светски првак на Флојд Мејведер
Американскиот боксер Флојд Мејведер го совлада Мани Пакијао во т.н борба на векот, која се одржа на 2.мај и се закити со појасот светски првак, но само два месеци подоцна Светската боксерска организација (ВБО) му ја одзема титулата.
Петкратниот шампион на планетата не ја платил таксата во висина од околу 200.000 долари до 3.јули, кога беше и последниот рок.
Светската боксерска организација излезе со соопштение во кое се вели дека Мејведер нема почит кон оваа спортска дисциплина и го симна американскиот боксер од тронот, а за нов владател на планетата го постави Тимоти Бредли, кој на 27-ми јуни го победи Џеси Варгас.
Според правилникот на ВБО боксерите мора да платат такса од три проценти за да се борат за титулата светски шампион, каде минимум е 1.000, а максимум 200.000 долари.
Неговиот ривал Мани Пакијао ја платил таксата на денот на борбата, но не успеа да победи.
Мејведер и натаму ги поседува титулите во ВБА и ВБЦ, а има време до 20-јули да се жали на актуелната одлука на Светската боксерска организација.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа