Официјално: Нани потпиша за Фенербахче
Фудбалскиот репрезентативец на Португалија, Нани следните три години ќе го носи дресот на Фенербахче, соопшти денес турскиот клуб.
Фенербахче постигна договор со Манчестер Јунајтед кој за крилниот напаѓач доби шест милиони евра. Се очекува 28-годишниот Португалец во текот на денот официјално да биде претставен на стадионот на клубот.
Нани синоќа допатува во Истанбул каде на аеродромот беше дочекан од голем број обожаватели.
Оцени ја веста
06.07.2015 - 16:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа