Роналдо: Поради вас на крајот испаѓам глупав!

 

Фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо прекина едно интервју поради расправија со своите портпароли, на кои им порача дека поради нив на крајот испаѓа глупав.

Португалскиот репрезентативец во интервјуто зборуваше за иднината на Серхио Рамос во „кралскиот клуб“, а неговиот советник за медиуми го прекина и му порача да го заврши интервјуто.

Меѓутоа не реагираше добро на тоа, па на својот портпарол му рече дека непристојно се однесува кон новинарот, на кој фудбалерот на крајот му се заблагодари и го напуштил интервјуто.

-Не инсистирам на ништо, тој ме тера да заминам. Дали сакате да бидам непристоен кон овој човек? Вие двајца тоа треба да го сторите, поради вас испаѓам глупав пред луѓето, и рече Роналдо на личноста која го прекина интервјуто.

 

 

Оцени ја веста

05.07.2015 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега