Од општина Кисела Вода во акција за чистење на коритото на Маркова Река

 

Викендов, општина Кисела Вода спроведува акција за чистење на коритото на Маркова Река.

Преку секторот за месна самоуправа, ангажирани се два тима на сезонски работници кои во текот на вчерашниот и денешниот ден, интензивно работат на отстранување на гранки, тиња и песок, како превенција од нивно поголемо таложење, што би довело до намалување на пропусната моќ на оваа река и нејзино излевање во случај на обилни дождови.

Се работи во месните заедници Пинтија и населба Драчево, каде на сезонските работници им помагаат и жителите на овие две урбани и месни заедници, чии домови се наоѓаат во близина на Маркова Река.

Акцијата за чистење на Маркова Река ќе трае се до конечното расчистување на нејзиното корито. Истата, се спроведува по вторпат годинава. Неодамна, општина Кисела Вода спроведе редовно превентивно чистење и на каналот за отпадни води во месноста "Потстаница" (Црниот канал), како и на реката "Мала Рада" во селото Драчево.

Апелираме и до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина.

 

 

Оцени ја веста

05.07.2015 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега