Фудбалерите на Чиле го дигнаа пехарот на Копа Америка
Репрезентацијата на Чиле за првпат успеа да ја освои титулата на „Копа Америка“ откако синоќа во финалето ја победи Аргентина по изведувањето на пенали.
Во регуларните 90 минути и во продолжението немаше голови – 0:0, а по пеналите беше 4:1 за Чиле.
Чиле е осма репрезентација која успева да триумфира на „Копа Америка“. Уругвај со 15 трофеи е најуспешен, следи Аргентина остана на 14 (последниот 1993 година), Бразил осум, Парагвај и Перу по два, Колумбија и Боливија имаат по еден трофеј.
И двете селекции имаа шанси да дојдат до триумфот пред изведување на пеналите, а во рулет серијата сите играчи на домаќинот Чиле ги реализираа пеналите: Фернандез, Видал, Арангуиз и Санчез, додека за Аргентина единствено Меси беше прецизен, а Игуаин и Банега не ја затресоа мрежата на чилеанскиот голман Браво.
Најдобри стрелци со по четири голови на 44.издание на „Копа Америка“ се: Варгас (Чиле) и Гуереро (Перу).
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа