Перо Антиќ го потпиша договорот со Фенербахче - еве што кажа
Македонскиот кошаркарски интернационалец Перо Антиќ го потпиша договорот со својот нов клуб турскиот Фенербахче.
Како и што беше најавено крилниот центар беше претставен како голема ѕвезда, односно како играч кој веќе има две титули европски шампион (двете со Олимпијакос) и кошаркар кој доаѓа од најсилната кошаркарска лига на светот НБА лигата каде две сезони го носеше дресот на Атланта.
- Сакам да играм во екипи кои имаат високи цели и имаат амбиции да освојуваат титули. Поканата од тренерот Жељко Обрадовиќ стигна во вистинско време, а тоа беше тоа што го посакував и едноставно не можев да одбијам. Исто така, близината на Истанбул до Скопје е важен фактор за моето враќање од САД, изјави Антиќ на денешната прес- конференција.
Во екипата на Фенребахче Антиќ ќе го носи дресот со број 12.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа