Скопско лето: Претстава и музички документарци

 

Во рамки на Скопско лето вечер во Театарот за деца и младинци ќе биде одиграна претставата „Цветната улица“ во режија на Наташа Поплавска, додека во Сули ан продолжува фестивалот Скопје синема сити со проекции на документарните филмови „Уметници за жици“, „Ник Кејв - Пат до господ знае каде“ и „Одмазда на Меконсите“.

Во „Цветната улица“ глумат Владимир Лазовски, Емран Куртишова, Бојан Кирковски, Марија Ѓорѓијовска и Мики Анчевски, костимите се на Александар Ношпал, кореографијата на Олга Панго, додека за музиката се погрижи Џенгис Ибрахим.

Претставата  е инспирирана од едукативните брошури за деца, издадени од Европската унија: „Надеж за племето Кајакос“, „Шампионот Бени“ и „Цветната улица“.

„Уметници за жици“e три минутен филм во режија на Александар Јанковиќ и Александар Даутовски зборува за семејството Гиевски кое повеќе од 70 години  изработува жичени инструменти – тамбури, мандолини, гитари, мандоли, примови. Нивната работилница во Старата скопска чаршија е единственото место каде што музичарите можат да набават вакви инструменти, изработувани со љубов и посветеност. Нивната репутација е далеку позната, а нивните инструменти се широко користени од домашните музичари.

„Ник Кејв - Пат до господ знае каде“ е филм на Ули Шупел кој патува заедно со Ник Кејв и Бед Сидс по Америка. Снимен за време на нивната турнеја по САД во 1989 година кога тие се уште биле познат бенд само за одредени кругови, филмот дава убав приказ на животот за време на турнеја на еден рок-бенд кој се пробива до својата поширока публика.

„Одмазда на Меконсите“ на Џо Енџио, пак, зборува за The Mekons, еден од најстарите панк-бендови од Англија кои му припаѓаат на првиот бран на панкот. Филмот ја следи нивната бурна историја - изненадувачки излети во фолк и кантри музиката, излети во светот на уметноста и постојаната лоша среќа со големите издавачки куќи.

 

 

Оцени ја веста

04.07.2015 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега