ФОТО: Перо Антиќ пристигна во Истанбул
Македонскиот кошаркар Перо Антиќ пристигна во Истанбул, а со оглед на тоа дека е НБА играч, привлече големо внимание.
Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на турскиот тим Фенербахче, откако две сезони мина во дресот на НБА тимот Атланта.
Како што самиот изјави, одлуката да замине од Атланта била тешка, но сепак се одлучил да се врати во Европа пред се поради семејството.
Во својата кариера Антиќ играше за Работнички, АЕК Атина, Црвена звезда, Академик Софија, Локомотив Кубан, Спартак Ст.Петерсбург, Олимпијакос и Атланта.
Оцени ја веста
02.07.2015 - 15:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа