Потпишан најголемиот договор во историјата на НБА
Крилниот центар Ентони Дејвис го продолжи договорот со Њу Орлеанс Пеликанс на уште 5 години за рекордни 145 милиони долари. Вкупно гледано овој договор на 22-годишниот кошаркар е најбогатиот во историјата на НБА, а исто така е 32 најбогат во историјата на американскиот спорт воопшто. Со годишна заработка од 29 милиони долари Дејвис е осмиот најплатен играч во светот по сезона во историјата на спортот. Крилниот центар, беше прв пик на драфтот во 2012 година, а минатата сезона просечно постигнуваше по 24,4 поени и 10,2 скокови по меч.
Оцени ја веста
01.07.2015 - 20:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа