Гевгелија: Поправал телефонски кабел на бандера - паднал и починал

 

Паднал од бетонски столб висок 6 метри и починал. 

Вчера  околу 18,48 часот во Клиничкиот центар во Скопје со возило на Брза помош, донесен е починат Алекса М.(53) од с.Удово, кој на влезот во Скопје им подлегнал на повредите здобиени при работа. Му биле констатирани тешки телесни повреди во пределот на ’рбетот, главата и екстремитетите.
Имено, починатиот бил работно ангажиран, за отстранување на дефект на телефонски кабел во с.Мрзенци – Гевгелија, при што паднал од бетонски столб од височина од околу 6 метри.  Увид на лице место извршила екипа од полицијата во Гевгелија.

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега