Ренова претрпе пораз од Дачиа во квалификациите за ЛЕ
Првиот македонски претставник што оваа сезона настапи во квалификациите за Лига Европа, екипата на Ренова синоќа на арената „Филип Втори“ загуби од Дачија со 1:0.
Стрелец на победничкиот гол за гостите од Молдавија беше Михаи Рошча во 12.минута.
Ренова се обидуваше барем да изедначи, но неколкуте обиди на Изаир Емини и Арџент Гафури беа неуспешни.
Реваншот е по седум дена во Кишињев.
Другите две македонски екипи во оваа рунда натпреварите ги играат утре. Работнички гостува кај Флора во Естонија, додека Шкендија на „Филип Втори“ ќе го пречека шкотскиот тим Абердин.
Оцени ја веста
01.07.2015 - 09:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа