Стартува новата сезона во европските фудбалски купови
Со шесте натпревари што се играат денеска по три во двата европски купа (Лига на шампиони и Лига Европа) стартува новата сезона на европските фудбалски купови.
Еден од натпреварите ќе се одигра и во Скопје на Националната Арена „Филип Втори“ каде Ренова ја пречекува екипата на Дачија од Молдавија во рамките на првото коло од квалификациите на Лига Европа. Почетокот на дуелот е во 21 часот.
Од првото квалификационо коло од Лигата на шампионите денеска се играат дуелите: Пјуник – Фолгоре, Линколн – Санта Колома и Крусадерс – Левадија, додека утре се игра натпреварот Б36 – ТНС.
Покрај дуелот Ренова – Дачија од Лига Европа денеска се играат и натпреварите: Балзан – Железничар и Прогрес – Шамрок Роверс.
Другите две македонски екипи во оваа рунда натпреварите ги играат на 2 јули (четврток). Работнички гостува кај Флора во Естонија, додека Шкендија на „Филип Втори“ ќе го пречека шкотскиот тим Абердин.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа