Перо Антиќ во Фенербахче

 

Според порталот „Eurohoops“ македонскиот кошаркар Перо Антиќ одлучил да се врати во Европа и ќе потпише договор со Фенербахче.

Се очекува во наредните неколку денови се да биде договорено,  па Антиќ и официјално ќе се пресели во Турција.

Фенербахче имаше многу неуспешна сезона, иако за прв пат во историјата оствари пласман на завршниот турнир на Евролигата. Остана без трофеј, а во турскиот плеј-оф испадна во полуфиналето.

Фенер ова лето најверојатно ќе остане без МВП-то на Евролигара Немања Бјелица, кој се сели во НБА.

Перо Антиќ веќе втора сезона ги брани боите на НБА тимот Атланта.

 

 

Оцени ја веста

30.06.2015 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега