Груевски во лов на инвестиции во Кина

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, заедно со владина делегација која ја сочинуваат министерот за надворешни работи, Никола Попоски и министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Веле Самак, од денеска ќе престојува во посета на Народна Република Кина.

Oд македонската Влада информираат дека во текот на утрешниот ден претседателот на Владата Никола Груевски, во Пекинг ќе оствари средба со претседателот на Народна Република Кина, Си Џипинг и со премиерот на Народна Република Кина,  Ли Кечианг.

- Во среда, премиерот Груевски ќе присуствува и ќе се обрати на Конференцијата за соработка помеѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа, која ќе се одржи во кинескиот град Чонгкинг. Се работи за иницијатива поттикната од кинеската Влада, а организирана од кинеското Министерство за надворешни работи и локалната самоуправа на Чонгкинг чија цел е интензивирање на економската и политичката соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа, информираат од Владата.

 

Во рамките на економската турнеја за привлекување инвестиции, премиерот Груевски и владината делегација ќе остварат и повеќе поединечни средби со претставници на кинески компании од различни сектори кои се потенцијални инвеститори во нашата земја.

 

најчитано сега