Град Скопје: „Со велосипед на пат низ целиот град“

 

Велосипедот како сообраќајно превозно средство се промивира денеска во Скопје со велосипедско дефиле, со што се заокружи проектот „Со велосипед на пат низ целиот град“ што го спроведува Авто мото сојузот на Македонија.

„Градот Скопје се вклучи во проектот „Со велосипед на пат низ целиот град“ бидејќи тој е во насока на промоција на велосипедот како сообраќајно превозно средство. Во рамки на овој проект, АМСМ на Градот Скопје, поточно на ЈП “Градски паркинг” донираше 35 велосипеди, кои ќе им бидат достапни на граѓаните и тие ќе можат да ги изнајмуваат“, рече градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, и додаде дека Град Скопје ќе работи интензивно на подобрување на условите за возење со велосипед.

Велосипедското дефиле започна пред „Порта Македонија“ и се движеше до просториите на АМСМ, преку улицата „М.Т.Гологанов до „Веро Тафталиџе“, преку булеварот „8-ми Септември“ до „Ми-Да Моторс“, а потоа преку булеварот „Илинден“ до кафе-бар „Штала“ и до крајната цел, „Школка“ во Градски парк.

Проектот е поддржан од Градот Скопје, а во велосипедското дефиле учестуваа градоначалникот Трајановски, претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски, генералниот секретар на АМСМ, Димитар Миновски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

Велосипедското дефиле заврши во Градскиот парк, каде се одржа музичка забава, а сите учесници во велосипедското движење имаа можност и да бидат добитници на пет „max“ велосипеди.

 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега