Бразил на пенали елиминиран од Парагвај во четвртфиналето на Копа Америка

 

Репрезентацијата на Парагвај е последниот полуфиналист на Копа Америка, откако ноќеска во четвртфиналето го елиминира Бразил по подобро изведување пенали.

Натпреварот по основните 90 минути заврши 1:1, немаше голови во продолжениијата од двапати по 15 минути, а по ударите од 11 метри Парагвајците победија со 4:3.
 
Робињо во 15.минута им донесе водство на „кариоките“, а натпреварот во продолжение го однесе Дерлис Гонзалес со погодокот од пенал постигнат во 72.минута.
 
Токму Гонзалес го постигна решавачкиот гол во петтата серија од пенал „рулетот“ за голема радост на Парагвајците.
 
За Бразил не реализираа Рибеиро во втората и Даглас Коста во четвртата серија, а за Парагвај неуспешен беше Роке Санта Круз во четвртата серија.
 
Во полуфиналето Парагвај ќе игра со Аргентина ноќта вторник кон среда, додека домаќинот Чиле ќе се сретне со Перу ноќта меѓу понеделник и вторник по средноевропско време. 
 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега