За кого ќе аплаудира македонската публика - Лазаров со Барселона ќе играат во Скопје против Вардар

Ракометниот тим на Барселона, а со него и Кире Лазаров, ќе играат во Скопје против Вардар, во Лигата на шампионите.

Капитенот на нашата ракометна репрезентација е среќен што е во иста група со Вардар.

„Среќен сум што ќе бидеме во иста група со Вардар и што пак ќе играм во Македонија пред нашата публика. Вардар ќе биде поквалитетен од минатата година, ги дуплира позициите. Мислам дека со овој нов систем на натпреварување во Лигата на шампионите повеќе проблеми ќе имаат екипите што имаат јака лига, затоа што и во така напорниот распоред сега ќе биде уште попеколно. Групата воопшто не е битна колку е силна, битно е да сме здрави и во форма од март до јуни. Повеќе или помалку, сите екипи ќе имаат победи и порази во групната фаза, поради новиот систем на натпреварување“, изјави Лазаров.

Барселона ќе се обиде да ја одбрани европската титула за која ќе се решава на завршниот турнир во Келн.

 

 

Оцени ја веста

27.06.2015 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега