Грција: 10.000 банкарски службеници ќе останат без работа

 

Десет илјади банкарски службеници во Грција се очекува да бидат отпуштени во следните три години по промените, фузирањето и рекапитализацијата на финансиско-кредитните институции во земјата, соопшти весникот „Имерисија“.

Паралелно со кастрењето на персоналот се предвидува за 25 отсто да се намалат и филијалите на грчките банки.

Промените се соддржани во оперативните планови на банките, што им беа претставени на „трооката“ кредитори од ЕУ, ЕЦБ и ММФ, со чии шефови владата во Атина од денеска почнува тешки преговори за договорање на следната транша во висина од 8,1 милијарди евра од меѓународната спасувачка помош за Грција.

Плановите за кастрења се подготвени на барање на кредиторите и со нив ќе бидат разгледани веќе оваа недела. 

најчитано сега