“Превенција на дрога во наше маало”, трибина во организација на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Кисела Вода организираше трибина на тема “Превенција на дрога во наше маало”.
На трибината учествуваа д-р Павлина Васкова неуропсихијатар и претставници од МВР од секторот за превенција за наркотични средства.
Тема на истата беше процентот на зависници, кои категории на лица најчесто страдаат, како да препознаеме наркозависник, како да му помогнеме, лекување, видови дроги кои можат да се најдат најчесто во РМ, тестови за брза детекција на лица корисници на дрога.
На трибината присуствуваа голем број на членови и симпатизери на Унијата на жени како и претседателот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа